Цени
програми и Цени
Запознајте се со нашите програми и цени за
подобар живот со миленици за сите од 7 до 77 години



5 900ден за цела програма од 10h
790ден за само еден час
ПРЕД ДА ЗЕМАМ МИЛЕНИК
За оние кои размислуваат да земат куче, мачка или друг миленик. Заедно ги разгледуваме начинот на живот, условите, времето, трошоците, карактеристиките и обврските за да помогнеме да се донесе правилна и одговорна одлука. СЕМЕЈСТВОТО ПРАВИМЕ АНАЛИЗА И ВЕ НАСОЧУВАМЕ КОН КРИТЕРИУМИТЕ НА ВАШ ИДЕАЛЕН МИЛЕНИК
ЖИВОТ СО МИЛЕНИК
Имате миленик? Научете како најдобро да се грижите за него.
Програма за правилна секојдневна грижа, нега, хигиена, исхрана, безбедност, однесување и препознавање на потребите на миленикот. За оние кои сакаат да бидат информирани и одговорни сопственици, а не само да имаат миленик.
ПРОФЕСИИ СО ЖИВОТНИ
Љубовта кон животните може да стане знаење, одговорност и професија. Преку практична работа и мали групи, децата и младите учат како да ги разбираат животните, И можеби утре ЌЕ сакаат да изберат професија поврзана со нив – како грумер, дресер или хендлер – Мило нуди можност рано да ги запознаат овие професии и да ги развиваат потребните знаења и вештини. За оние кои размислуваат за стручно ветеринарно средно образование, Мило може да биде и прв чекор во подготовката и запознавањето со професијата.
ФОБИИ, СТРАВ И ЗАГУБА НА МИЛЕНИК
Понекогаш животот со животните носи и тешки моменти.
Програмата е наменета за деца, млади и возрасни кои имаат страв или фобија од кучиња, како и за оние кои се соочуваат со загуба на својот миленик. Во зависност од потребата, работиме со психолози и искусни професионалци со животни, во безбедна и контролирана средина.
Како функционира MILO?
Нашиот работен процес
Мали групи
Работиме со ограничен број учесници за секој да добие внимание и можност за интерактивно искуство.
Секоја сесија трае еден час
Цела програма од 10h за 5900ден
или само 01h за 790ден

Чекор 1
Консултација

Чекор 2
Избор

Чекор 3
Услуга

Придружете се
MILO — каде љубовта кон животните станува одговорност за сите од 7 до 77 години
Или
Контактирајте не: 072 215 271

