Од љубов кон животните до професија

A woman lovingly holds her Border Collie against a vibrant red backdrop.

Љубовта кон животните може да биде почеток на професионален пат, но не е доволна за професија.

За оние кои размислуваат за ветеринарно средно училиште или факултет, но и за идните дресери, грумери и други професионалци кои работат со животни, MILO.MK Академија има посебна програма за идни професионалци.

Програмата ги запознава учесниците со основните содржини и знаења што треба да ги совладаат, природата на секоја професија, работата со животни и луѓе, професионалната одговорност, но и со она што често не се гледа на социјалните мрежи – реалните предизвици на професијата.

Што значи да бидеш ветеринар? Што навистина работи грумерот? Што е потребно за професионален дресер? Какви знаења, вештини, трпение и одговорност бара секоја од овие професии? И, најважно – дали токму таа професија е за мене?

Целта не е само да им кажеме на младите што можат да станат, туку да им помогнеме реално да разберат што ги очекува на тој професионален пат

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top