Миленикот е веќе дома – што понатаму?

Cute Scottish Fold kitten sitting on a comfy sofa indoors, adding charm to any living space.

Одговорното сопствеништво не завршува со изборот и пристигнувањето во домот. Тогаш всушност започнува.

Кога миленикот веќе е дел од семејството, потребно е да научиме како правилно да се грижиме за него – од секојдневната нега, хигиената и исхраната, до здравјето, правилното препознавање на неговите потреби, навиките, однесувањето и воспитувањето.

Детето треба да разбере зошто кучето има потреба од прошетка, зошто мачката има свои специфични навики, зошто редовната нега е важна и зошто здравјето не се одржува само кога животното ќе се разболи.

Во MILO.MK Академија учиме како да го разбереме миленикот, а не само како да живееме со него. Негата, здравјето, хигиената, исхраната, навиките, комуникацијата и едукацијата се дел од секојдневната одговорност на сопственикот.

Затоа што добар сопственик не е оној што само го сака својот миленик, туку оној што знае што му е потребно.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top